речник контакт

Станува ли Гевгелија македонски Лас Вегас?

Наместо фабрики, казина, во портата кон ЕУ. Станува ли Гевгелија македонски Лас Вегас?

Никола Солев

Наместо фабрики, казина, во портата кон ЕУ. Станува ли Гевгелија македонски Лас Вегас? Само трите километри до границата од градот се интересни за странските инвеститори, претежно Грци, сопственици на ексклузивни казина, а се најавува и турска инвестиција за изградба на најголемото казино на Балканот. Што ги влече Грците во Гевгелија? „Се е поевтино. Најмногу ми се допаѓа што народот е поискрен“, вели Михалис Сукис, инвеститор од Грција. Малкумина го чувстуваат благодетот од близината со Грција. Останатите се борат за гол живот. Во Гевгелија европска е само портата кон Унијата и казината. Се останато е типично македонско, далеку од европските стандарди. Дуќани без муштерии со катанци на вратите. Некогаш полната чаршија сега живее само во четврток, тогаш е пазарен ден, а доаѓаат и Грци. „Во четврток доаѓаат Грци, заинтересираноста е добра, кај мене повеќе бараат бело злато“, изјави сопственичка на златарски дуќан. На угостителите не им цветаат рози како некогаш. Ноќните барови и кафулињата се полнат само за викендите. И тука најбројни се Грците. „Минатите години беше подобро. Сега не е како што беше, но пак има некаков промет“, велат угостителите. На грчките посети им возвраќаат и гевгеличани, но како надничари. Работат на нивите за дневници од 25 до 30 евра. Извор: [url=www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=61758]A1[/url]

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »